“КОСТОСКИ“ – МЕЃУНАРОДНИ ФЕСТИВАЛИ ОХРИД - МАКЕДОНИЈА

(Фолклор, Мажоретки, Оркестри, Хорови, Модерни танци)

Со големо задоволство ви ги претставуваме “КОСТОСКИ“ – Меѓународни фестивали Охрид - Македонија, фестивалите се одржуваат во термини во пролет, лето и есен, поради големиот интерес фестивалот се одржува во следните термини:

11-15 Април 2024
09-13 Мај 2024
26-30 Јуни 2024
02-06 јули 2024

10-14 Јули 2024
19-23 Јули 2024
24-28 Јули 2024
03-07 Август 2024

08-12 Август 2024
14-18 Август 2024
21-25 Август 2024
27-31 Август 2024

05-09 Септември 2024
03-07 Октомври 2024
01-05 Ноември 2024

Одберете термин кој најмногу ви одговара и направете резервација пред да се исполни бројот на учесници.

Охрид и Охридското езеро

Охрид е град во Македонија, при што е најголемиот град на Охридското езеро, осми по големина град каде што се одржува фестивалот. Охрид во минатото имал 365 цркви, по една за секој ден од годината и уште го нарекуваат „Ерусалим на Балканот“. Градот е богат со историја, културно наследство, споменици, природни убавини, уметности, староградски народни песни и далеку познатите Охридски бисери, при што убавината на града Охрид може да ја забележите низ традиционалната охридска архитектура, која може да ја најдете на едно место, во стариот дел од градот каде што може да се опуштите и да ве понесат убавините од куќите и спомениците како и на изкуствата кои ќе ги стекните преку прошетка низ градот. Во минатото градот бил столица на Цар Самоил кој владеел со Самоиловото царство, првично столица на Цар Самоил била Преспа, потоа ја префрлил во Охрид. Во 1979, односно 1980 година, Охрид и Охридското езеро станаа член на Унеско како едно од 28-те места Кои се заштитени во исто време како културни и природни локалитети. Освен културно - историското јадро, можете да уживате во многу настани низ целата година, како познатиот фестивал „Охридско лето“ кој прв пат е одржан во 1961 година и е најпознат фестивал односно концерт на Охрид, концерт на фолк музика - односно фестивал „Охрид фест - Охридски трубадури“ кој секоја година распишува национален конкурс за нови композиции, односно конкурс за нови песни и други настани кои се подржани од Општина Охрид која е центар за административни услуги во Охрид или да се релаксирате со кафе некаде на брегот на езерото. Најголемата длабочина на Охридското езеро од 286 метри е измерена помеѓу селата Пештани и Трпејца, на околу 5 км од езерскиот брег. Охридското езеро се наоѓа на надморска височина од 695 метри, максималната транспарентност на водата е 22 метри.

Кратка видео презентација на Охрид со Ѓоко Костоски - организатор на фестивалот, снимено од германската ТВ "Deutsche Welle". Кликнете двапати на видеото👇

Цел на фестивалот
“Костоски“ меѓународен фестивал Охрид, има за цел да се прикаже културата, музиката, носиите, народни песни, танцувањето и традицијата на различни држави од целиот свет, а во исто време стекнување и на нови пријателства помеѓу учесниците, како и запознавање на убавините на градот Охрид и Охридското езеро. Секоја година, меѓународниот фестивал на танци и песни „Костоски“ е организиран од Костоски туристичко биро во центарот на културата, односно најубавиот град на културата во Македонија – Охрид. Сцената на Костоски меѓународен фолклорен фестивал секоја година собира најразлични ансамбли од повеќе држави на едно место. Костоски меѓународен фестивал е фестивал од мешан тип кој вклучува: Фолклорен фестивал в Охрид, Хорски фестивал, Фестивал на модерни танци (international dance), Фестивал за мажоретки, фестивал за оркестри и нуди настап на сцената на секоја група без разлика дали групата е аматерска или професионална, хор или оркестар, ансамбл за модерен танц или фолклорен танцов ансамбл и дава разновидност за секој вкус.

Костоски меѓународен фестивал Охрид е отворен за:
  • Фолклорни групи - Сите видови на фолк танцувачки и пејачки ансамбли и т.н. се добредојдени на овој фолклорен танцов фестивал.
  • Мажоретки
  • Хорови - Сите видови на хорови
  • Оркестри - Сите видови оркестри како: дувачки оркестри, жичани оркестри, симфониски оркестри, оркестри за камерна музика, фолк оркестри, трубачки оркестри, марширачки оркестри, удирачки оркестри, џез оркестри и т.н.
  • Модерни танци - Сите видови на групи за модерни танци

Програма на фестивалот

1 ден

Сместување на групите, слободен ден

2 ден

Разгледување на Охрид со туристички водич
Дефиле на групите, свечено отворање и настап на сите групи од фестивалот

3 ден

Посета на Манастирот Св Наум со туристички водич (до Св Наум може да се стигне по пат или со брод)

4 ден

Слободен ден, Затворање на фестивалот, доделување на подароци и дипломи за учество на фестивалот

5 ден

Испраќање на групите

Сместување
  • Сместувањето се врши во Хотели со 3*** & Апартмани
  • Собите се 3, 4, 5 креветни, секоја група ја следува по 2 двокреветни соби кои можат да бидат користени за раководството и возачите.
  • За повеќе двокреветни соби треба доплата од 25 евра по особа во двокреветна соба
  • Постои можност за продолжување и скратување на престојот на ваше барање
  • На 25 учесници 1 гратис

Правила
  • На фестивалот може да настапат сите видови на ансамбли.
  • Не постои возрасна граница и бројот на учесници во група не е ограничен
  • Секоја група за настап на издание на фестивалот треба да носи со себе: знаме на својата држава, натпис со името на групата и CD или USB или жива музика
  • Треба минимум да се припреми една точка за настап на издание на фестивалот во времетраење од 5 до 15 минути
  • Фестивалот е од ревијален карактер
  • Доколку учествувате треба да испратите пополната апликација за учество и да платите аванс 40% од целокупната сума за резервација, а останатите пари ги плаќате кога ќе пристигните во Охрид.

Организатор на фестивалот
КОСТОСКИ ТУРИСТИЧКО БИРО ОХРИД

Контакт

За повеќе информации за фестивалот и цена, контактирајте не.
Забелешка: Организаторот го задржува правото да изврши промена врз наведената програма на фестивалот

Подолу се дел од препораките на многуте задоволни учесници на фестивалот 👇

Ознаки: Меѓународен фестивал, международен фестивал, international folklore festival, Охрид, folklore festival, Международен фестивал, Охридско езеро, Музикален фестивал, настан, административни услуги, международен фолклорен фестивал, наступ на фестивала, international folklore, оркестарски фестивал, вход свободен, international dance festival, вход свободен, настап на музикален фестивал, международен фолклорен фестивал, фестивали на изкуствата, 24то издание, фолклорни фестивали, фестивал на града Охрид, international folklore, фестивални дни Охрид, национален конкурс за учество/ за участие на фолклорни групи, летен театър, и международния фолклорен фестивал, фестивални дни Македонија, международния фолклорен фестивал Охрид, а възрастни от цял свят, а диплом за участие в фестивале, от цял свят, условия за фестивал, folklore festival, а категориите младежи, национален фолклорен ансамбл, културно наследство, и международен музикален фестивал, фолклорни групи от цял свят, и international folklore festival, и 24то издание и летен театър, и международен музикален фестивал и категориите младежи и морска градина и седмица на август и възрастни от цял свят