За нас

„КОСТОСКИ 2018“ претставува Туристичко Биро со седиште во Охрид чија цел е да овозможи пријатен престој на гости во Охрид, како и во други градови од Република Македонија. Ние нудиме квалитетна услуга за вас како наши клиенти и се грижиме да се здобиете со пријатни спомени поради кои повторно би ја посетиле Македонија.

Туристичкото биро Костоски се занимава со посредување во обезбедување на услуги за сместување на гости, разгледување на културно-историските споменици и запознавање со историјата на Македонија преку туристички водичи, организирање меѓународни фолклорни фестивали во Охрид и др.

Обратете се до нас и ние може да го организираме целокупниот престој во Македонија и да ви дадеме повеќе услуги како:

  • Сместување (хотели со 3***, 4****, апартмани, вили и др.);
  • Туристички водич Македонија (туристички водич Охрид, туристички водич Скопје, туристички водич Битола, туристички водич Струга и др.);
  • Костоски меѓународни фестивали Охрид Македонија (меѓународен фолклорен фестивал Охрид, меѓународен фестивал за мажоретки Охрид, меѓународен хорски фестивал Охрид, меѓународен фестивал за модерни танци Охрид, меѓународен фестивал за оркестри и др.);
  • Настап на Македонска фолклорна група за туристи.и др.
  • Сопственик е Ѓоко Костоски кој е магистер по правни науки, туристички водич (Кој зборува Македонски, Српски, Англиски јазик) и музичар со долгогодишно искуство во туризмот како и во организирање на најразлични фестивали во Охрид на кои настапуваат илјадници учесници од целиот свет.




    Кратка видео презентација на Охрид со Ѓоко Костоски, снимено од Германската телевизија "Deutsche Welle". Кликнете двапати на видеото.👇